Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема никаква реакција, никаков одговор и по десетина часови по последната изјава на шефицата на бугарската дипломатија која јасно најави дека ќе има вето за почеток на преоворите на Македонија со ЕУ ако Скопје не ја прифати бугарската „историска вистина“ дека имаме бугарски корени.
„Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.
Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ“!- реагира Христијан Мицкоски на Фејсбук.







