Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа синоќа прозборе за, според него, невидениот поткуп пред последните парламентарни избори.
„Поткупот пред изборите беше вршен преку картичките што беа делени во сумa од 28 милиони евра, потоа преку проeктот зелена нафта. Нашите информации се дека 10 милиони евра се поделени на рака, вонинституционално рече Мицаскоски и дпдаде:
„Не очекувам ова да биде предмет на обвинителството, бидејќи за нив некои други работи се интересни“.
Запрашан зошто ова не го објавиле пред изборите, Мицкоски рече дека сакале да играат витешки и не сакале да стават дамка на преговарачкиот процес со ЕУ, но додаде дека должи извинување до граѓаните зошто тоа не го направиле.





