Во оној момент кога Али Ахмети одлучи да направи влада со Зоран Заев, престана да важи превилото „победник со победник“.



„Тоа правило тука заврши и е веќе категорија која е во историјата на македонската политика. Никој нема ниту морално, ниту суштинско право да го поставува тоа барање“ изјави синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус“ на ТВ21, потенцирајќи ДУИ треба да оди во опозиција.

Мицкоски истакна дека формирањето на влада треба да се води според програма и така да се бираат политичките партнери, бидејќи потребно е зрело однесување и рационално носење на вистински преоценки за политичките потези. „Не е прашање на чест, туку прашањето на Устав за формирање на влада. За жал, во политиката Уставот е тој е кој е пред и над сѐ“, рече Мицкоски.