По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите 4 месеци, поразителни се и бројките за странски директни инвестиции„ оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според кој ова е најлош резултат во изминатите 10 години.
„Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто нема…доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски“, рече тој.
Мицкоски вели дека е голема лага дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ и немање на развојна економија, пренесува Макфакс.





