Ова е одлука на 81-пратеник, а не одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и претсавуваат чин на предавство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Во кусото обраќање до јавноста на прес конференција пред седиштето на партијата Мицкоски рече дека за ВМРО ДПМНЕ се неприфатливи промената на Уставот со цел промена на уставното име, проментата на идентитетот, културата, образованието и историјата на нелигитимен, насилен начин, по пат на притисоци, закани и пазарења.
како што кажа, со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз Македонската држава, македонските граѓани, минатите сегашните и идните генерации. ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе стори оваа неправда да биде исправена.
„Денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ на Зоран Заев, останат на власт Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња. И во политиката и во економијата и во општеството секаде…
– Токму поради ова ВМРО ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и оддржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори.





