Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од денешниот протест во Кочани, порача дека очекува оставки од министрите Никола Димитров и Оливер Спасовски.



„Бараме оставки од министерот  за надворешни работи кој својот народ го нарече ‘искомплексирана нација’, како и од министерот за терор и прогон, односно за полиција, затоа што спроведува само шпионски акции, претреси и омаловажување на граѓаните“, рече Мицкоски.

Мицкоски побара да се формира независно тело кое ќе ги „преслуша, анализира, систематизира сите материјали што се собрани во изминатите две години како резултат на црниот Вотергејт на Заев, односно прислушкувањето на сите судии и обвнители, за да се откријат нарачаните обвиненија за членовите на ВМРО-ДПМНЕ’ пренесува Нова Македонија.