Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашниот антивладин протест објавува видео со животни трагедии поради кои не смее да се молчи.
,,Премногу е поради корупцијата.
Премногу е поради распаднатото здравство.
Премногу е поради врските во институциите, аферите, селективната правда, поточно неправдата за секој еден граѓанин.
Поради чекањето.
Премногу е поради предавствата, поради лошите договори и поради понижувањата. Поради луѓето кои невини седат по затворите и луѓето кои виновни не се во затворите.
Поради поскапувањето.
Поради одземената иднина.
И затоа се потребни промени.
Заедно да се бориме и да се избориме за крај на оваа мрачна ера на криминал и предавства која го носи потписот на СДСМ!”, објавува Мицкоски приложувајќи видео.
За видеото кликнете на овој линк






