Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе излезе во текот на денешниот ден со прецизен план за ублажување на последиците од енергетската криза, се вели во брифинг од најголемата македонска партија.
Овој план ќе биде предложен на бизнисот и стопанските комори. Планот на Мицкоски доаѓа откако по повеќемесечно апелирање Владата да излезе со прецизен план кој ќе значи обезбедување на доволни количини на ефтин гас, мазут, како и топлинска енергија потребна за ТеТо, владата не објави никаков план и се задолжува дополнително, додека земјите од регионот веќе ги обезбедуваат потребните количини на енергенси.
Планот на Мицкоски според брофингот обезбедува доволни количини на енергенси за државата преку заштеда на граѓаните која може да биде до 300 милиони евра, што ќе значи и зачувување на работни места и спречување на дополнителна инфлација.
Ова е прв ваков пример во нашата досегашна пракса лидер на опозиција да нуди обемен план за излез од кризата. Денес во 11 часот Мицкоски ќе го образложи својот план пред Сојузот на стопански комори. Потоа ќе следат изјави за медиуми, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е професор на машинскиот факултет во Скопје а поле на експертиза му е енергетика.






