Мицкоски индицира тајни средби на меѓународни мафијаши во владата (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5 праша какви разговори воделе во Владата дел од еѓунариднкте криминалци и нарко босови што добиле пасоши од МВР.



Според Мицкоски криминалците за кои зборува биле на меѓународна потерница кога одржале средби во владата.

Мицкоски во интервјуто побара му го понуди за вештачење својот телефон на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој тврдеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имал контакти со дел од луѓето што се уапсени за скандалот Пасоши за мафија.

Мицкоски бара Спасовски да поднесе докази за своите тврдења или да се извини и притоа го обвини дека не постапил според законските полициски процедури.

Целото интервју на линкот подолу

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/278036747339096/