Мицкоски откри како би се распределиле пратеничките мандати ако сега има избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски открива како би се распределиле пратеничките мандати ако сега има избори.



По спроведените неколкумесечни анкети од страна на агенцијата ИПСОС, а нарачани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите кажа своја проекција која партија колку пратеници би освоила на престојните парламентарни избори.

ВМРО ДПМНЕ 51 – 54
СДСМ 26-29
ДУИ 14
ЛЕВИЦА 6-8
ЗНАМ 6-8
Алијанса на Албанците 3
Беса Алтернатива Изет Меџити 10-11

Според оваа анкета вкупниот максимален број на пратеници на власта е 46 со што и теоретски власта не може да остане на власт.