Мицкоски од Прилеп: Нов автопат и забрана за увоз на тутун до продавање на домашниот

– Нема да има тутунари кои што нема да бидат задоволни затоа што првата работа што ќе ја направиме за тутунарите е да донесеме закон со кој што ќе биде забранет увозот на тутунот додека тутунот кој што е непродаден не се продаде до последниот лист и тоа го ветувам овде во Прилеп, до последниот лист произведен тутун, закон во македонскиот парламент, рече Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија, вечерва на трибина во Прилеп.



Мицкоски пред граѓаните најави и автопатско решение од Скопје до Прилеп.

– Денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина, рече Мицкоски.