На средбата меѓу министрите за надворeшни работи на Бугарија и Македонија, Екатерина Захариева и Бујар Османи, од бугарската страна било побарано редефинирање на македонската нација, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5.
„Да го прашаме министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот, со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго“- рече Мицкоски
„Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите“, предложи Мицкоски.
Мминистерот Османи синоќа во изјава за Плусинфо рече дека нема да коментира шпекулации, иако му било посочено дека станува збор за изјава на опозицискиот лидер.
„Не можам да коментирам шпекулации“, одговорил Османи преку смс-порака.






