Мицкоски: Очигледно е дека Заев лажел

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е јасно зошто Заев не ја информира јавноста кои се барањата на Софија во преговорите со властите во Скопје.



“Очигледно е дека Заев лажел. Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите коишто Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ”, вели Мицкоски кој денеска втор ден по ред ги предводи преговорите во 11 градови против позициите на СДСМ и ДУИ во разговорите со Бугарија.