Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на средба со пазарџиите во центарот на Скопје на Зеленото пазарче изјави дека од месечината освен Кинескиот ѕид се гледа дека во Македонија наскоро ќе има предвремени избори.
„Единствено што е јасно и, што би рекол еве вака да се изразам помалку шеретски, што се гледа од Месечината е Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори, нова Влада и одговорност за оваа Влада којашто го покраде народот“, рече лидерот на опозициската партија.
Дел од новинарите од Мицкоски побараа коментар за годишнината по почетокот на емитувањето на таканаречените бомби на Заев.
Мислам дека Фуркан го постави прашањето.
И ако е тој, се надевам дека @FurkanSaliu ќе го пушти ова парче и одговорот на @MickoskiHM на Клан телевизија. pic.twitter.com/PrpEXVtjWa— Фортификација (@Fortiifikacija) February 9, 2021
Мицкоски со пазарџиите разговарал за начинот на кој властите во Општина Центар, во Град Скопје се однесуваат со нив.
„Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во којашто работат и во којашто државата се наоѓа. Важно е да кажам дека наместо розовите очила што се обидуваат владата и скапо платениот пиар со државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овде буквално солзи ронат и едвај врзуваат крај со крај.
Она што можев да го слушнам навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително нè мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа којашто денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ – ДУИ.
Ценам дека во периодот што следи вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната изборна програма што ќе биде дел од локалните избори. Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на коишто оваа Влада ќе биде минато и ќе дојде Влада што ќе работи за интересите на граѓаните и за интересите на Македонија.
Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен“, истакна Мицкоски.
Целата изјава на Мицкоски






