Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави статистички податоци од државните институции според кои владата на Ковачевски минатата година има најлош сооднос меѓу увозот и извозот што укажува дека македонската економија тоне а расте зависноста од странски производи.
,,Катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ продолжуваат. Имено, стоковата размена со странство, покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика”, објави Мицкоски приложувајќи документ од државната статистика која е под контрола на власта на СДСМ и ДУИ.







