Христијан Мицкоски смета дека во Македонија не постои втор бран на коронавирусот, туку ова е втор пик на првиот бран.
„Не се сложувам со властите дека ова е втор бран, туку ние сме и натаму во првиот бран, но ова е вториот пик“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ 21.
За мерките за заштита за ширење на коронаируст, Мицкоски вели дека се „купи ден, продај политика“ и дека тие не само што ќе го намалат, туку уште повеќе ќе го прошират коронавирусот.
Тој изјави дека не се сложува со министерот Филипче дека граѓаните не ги почитувале мерките.
Околу различните мерки за верските празници Мицкоски дециден: „Ние имавме ист став и за Велигден, и за Рамазан Бајрам и за Духовден. Сметаме дека она што им се прави на граѓаните не го прифаќаме“






