Треба ние заедно со нашите сојузници да го гледаме нашиот интерес, порача лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце зборувајќи за руско украинската конфликт.
Тој рече дека не слушнал поглупава изјава од таа на претседателот Стево Пендаровски, кој деновиве рече дека го загрижува тоа што гледа проруско расположение кај македонските граѓани.
– Јас ги разбирам граѓаните кои што во револт на овие анационални политики кои што се револтирани поради сето она што се случуваше изминатите години, промена на име, насилна промена на власт, узурпирање на власт, многу криминал и корупција, нелегитимен премиер инсталиран, во знак на револт секогаш ќе бидат спротивни во тоа што овие нелегитимни и невлијателни политичари ги рефлектираат во јавноста. И затоа никако не можам да се сложам ниту пак можам да подржам една таква теза дека македонскиот народ бил проруски. Не, македонскиот народ е промакедонски, а тоа што овие политичари немаат ништо македонско во нив, тоа е друг проблем и тоа е суштината – потенцира Мицкоски.
Мене ме интересираат интересите на мојот народ, на македонскиот народ и на мојата македонска држава. И ме интересира како тоа од 100 македонски граѓани половина уште останаа таму и не може да си ги донесат тука, а ќе одела Славјанка да војува, вели Мицкоски.





