Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека власта нема да го задржи мнозинството за поддршка на Владата и повтори дека мнозинство за уставни измени ќе нема.



„Овој  парламент нема мандат да менува Устав, бидејќи ниту опозицијата учествувала во креирање на тој договор, нитус се согласила со тој договор, ниту пак пред граѓаните излегла да ветува дека ќе има уставни измени.

Тој му порача на премиерот Димитар Ковачевски час поскоро да одат на предвремени парламентарни избори во спротивно, со помош на пратеници од СДСМ и од ДУИ опозицијата ќе го распушти парламентот.

„Треба час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, да излеземе сите со решение за проблемот којшто го донесе Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, и граѓаните се тие коишто треба да одлучат кому треба да ја дадат довербата.

Јас не верувам дека ќе го задржат мнозинството за поддршка на оваа Влада, а за уставни измени ќе немаат мнозинство“, вели Мицкоски.