Мицкоски: Нема бојкот, ќе победиме на претседателските избори

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе води пред кандидатот на ДУИ и СДС на претседателските избори наредната година за отприлика околу 100.000 гласови, вели лидеррот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



„Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во периодот кој следи, а кои е поврзани со тој изборен процес и парламентарните избори, изјави Мицкоски во гостувањето на „Радио Лидер“.

Според неко, ако изборите не бидат успешни, бидејќи има фингерпринт терминали нема полнење кутии како во минатото, и нема како порано од присутни 25-30% од избирачите а излезноста 90% или 97% како што беше на некои места на референдумот, тогаш може да влеземе во континуиран процес на избори и државата тоа нема да го издржи.

„ Многу е важно како ќе се организираме и како ќе ја организираме државата бидејќи сме на 4 месеци од изборна кампања, мора да завршиме претседателски избори во април. Ако тој процес е успешен претседател треба да има на 12 мај. По принцип две недели порано треба да заврши вториот круг, а тоа значи дека најдоцна треба да заврши вториот круг на 28 април, тогаш првиот круг е 14 април“, рече Мицкоски.

Според лидерот на опозициската партија, актуелната власт се однесува неодговорно кон државата и ресурсите а планот им е да одат со заеднички кандидат, кој ќе го номинира ДУИ бидејќи ДУИ и Ахмети одлучуваат, а СДС се однесува како измеќар и мислат дека ќе победат а по месец два ќе се оди на парламентарни.

„Ако се случи да има неуспешни претседателски избори, условно кажано, тогаш рокот е за 40 дена треба да се повтори процесот. Можеме да влеземе во континуиран процес на избори и да се измори државата. Друго прашање е дали ние како општество можеме ова да го издигестираме или дали економијата може. Стопанството е загрижено и вели ако влеземе во таков процес бидејќи и 2025 има други, нема да може да се издржи во државата. Имаме сега ситуација кога опозицијата се однесува одговорно, а власта неодговорно“.

Мицкоски потенцира дека ако немој мисли дека ќе си играат и ќе има услови, или техничка влада како таа на Спасовски и ќе се носат уредби, ќе биде суспендиран парламентот, тоа нема да се случи.

„ Ограничени им се маневарските способности. Тоа така нема да оди. Подготвени сме за сите сценарија, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да бидат неми набљудувачи“, изјави Мицкоски.