Мицкоски: Нема 80 пратеници за внесување на Бугарите во Уставот

Во Собранието нема 80 пратеници за внесување на Бугарите во Уставот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесе Фактор



Тој вели дека доколку решението со Софија стане дел од преговарачката рамка, Македонците во Унијата ќе влезат „бугаризирани“ или пак, би преговарале бесконечно.

„На повидок е поопширно решение кое нема да се однесува само на внесувањето на Бугарите во Уставот туку ќе задира во македонскиот идентитет и јазик“, рече Мицкоски.