Мицкоски не успеа да му го крене притисокот на Заев

Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е нормален по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.



120/80 mmHg, беше пропратниот текст на фотографијата што ја постираше попладнево на Фејсбук.

Премиерот беше во на одбележувањето на 12-годишнината од формирањето на универзитетот „Гоце Делчев“ и заедно со штипскиот градоначалник Благој Бочварски и министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година.