Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хруистијан Мицкоски преку Фејсбук статус одговара на критиките од власта дека одолговлекувањето на донесувањето на Законот за Јавно обвинителство е по вина на оваа партиуја.
„Јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме да поддржиме закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата“, порача денеска преку фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Но, да сме јасни, се согласувам апсолутно со тврдењето дека имплементцијата на првдата зависи од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што и Зоран Заев и неговите обожаватели сфатија дека за неколку месеци од сега реалноста ќе биде поинаква во Република Македонија.
Со други зборови, Заев не е во состојба да наметнува услови, ниту диктира темпо, а правдата е потребна зошто тој и неговите луѓе носат неправда“, напиша Мицкоски на фејсбук.





