Францускиот предлогне требаше да се најде на маса, но јасно е дека некој претходно го договарал, изјави во синоќешното гостување во Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тука е направена грешката. Сега наеднаш го гледаме на маса, а тој што се согласил вели дека не го видел. Утре е сериозен историски самит на ЕУ, не е било каков. Таму кандидатски статус треба да добијат Украина и Молдавија. И на нив во ЕУ им е потребен и чекор на Балканот, да почнат преговори со Македонија и со Албанија“, додаде Мицкоски.
Лидерот на опозицијата се сомнева дека македонскиот премиер утре ќе каже „не“ на францускиот предлог.
„И сега во целиот тој притисок, во друштво со 27 европски лидери плус членови на комисија и сите останати, зар вие очекувате Ковачевски да рече „не“, и да го одбие? Тие кои што патуваат со него, министерот за надворешни работи, на пример, му вика не се секирај, нема да падне владата, ние сме со тебе.
И тој си вели, да ќе бидам уште година, или година и половина премиер, па макар и да ја уништам Македонија и македонскиот идентитет. Па, тој вели потоа ќе бидам најмалку пратеник, така зборува по новинари.
Значи станува збор за личност којашто не е свесна за сериозноста на ова што се случува“, рече Мицкоски.







