Мицкоски: Не коалицирам со криминалци

На првото појавување по изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека неговата партија има најголем кредибилитет за преговори за формирање влада, дека за 10.000 гласа имаат повеќе гласови од СДСМ без Беса.



Топј ја отфрли варијантата за формирање широка влада со СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од коалицијата „Можеме“ без тие на Беса. Победивме во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино. Победивме во Прилеп, во Вевчани, Дебарца, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Брвеница и Јегуновце.  Овој резултат е постигнат во тешки околности.

Власта спроведе масовен поткуп, вели Мицкоски. Сајтот на ДИК не работи, а добиваме информации дека се внесувани сомнителни податоци. ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада“ рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали би коалицирале со ДУИ и дали ќе прифатат Албанец за премиер Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ има гласови и во чисто албански средини.

Запрашан дали би правел влада со СДСМ тој рече дека со луѓе осомничени за криминал нема намера да коалицира.