По информациите дека лидерот на позициската ВМРО-ДПМНЕ не му ја честитал победата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, денеска порталот „Курир“ објавува дека Христијан Мискоски не добил покана да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на државата.
„Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци.
А, попладне ќе биде со своето семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.





