„Ниту еден процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси во историјата искуството вели дека биле реверзибилни. Прашање на време е кога повратната врска ќе се реализира, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју за Радио Слободна Европа одговарајќи на прашањето дали партијата по евентуално доаѓање на власт, ќе потегне иницијатива за повторна измена на Уставот или нема да ги почитува измените кои вече се стапени во сила.



Христијан Мицкоски вели дека „важно е претходно да се случат некои други процеси, па дури потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе може пред граѓаните на Република Македонија да го спроведе ова што ние денеска го разговараме и она врз основа на што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради идната своја политичка доктрина“.

Лидерот на партијата најавува победа на парлементарните избори, доколку се одржат.

„Откако ќе ја добиеме довербата на народот, а ние ќе ја добиеме на следните предвремени парламентарни избори, се разбира доколку парламентарното мнозинство се одважи, ќе видите кои ќе бидат чекорите и ќе видите кои процеси ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени во иднина.

(…)ајде најпрвин да видиме дали владејачкото мнозинство ќе се охрабри ќе се одважи, ќе се осмели да ја поддржи иницијативната на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори“, вели Мицкоски во интервју за РСЕ.