Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува дека по доаѓање на власт на неговата партија и падот на Зоран Заев ќе се случи ревизија на случајот 27 април во кој судот на долгододипни казни се осудени лица за наводен тероризам.
“Имаме заробено Обвинителство каде што се диктираат обвиненија, не само за 27-ми април, туку и за поширок опфат коишто служат за политички прогон. Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира. Сите оние судии коишто прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно, согласно законите и Уставот, санкционирани”, изјави Мицкоски за време на посета на фабрика во скопската општина Гази Баба.
Видеото на овој ЛИНК





