Мицкоски најави пакт со сите чесни сили за ДУИ да замине од власт (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе дојде на лидерската средба со премиерот Ковачевски и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе.



,,Ќе кажам дека Уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има. Јас нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси. Македонија не е на распродажба….”, најави Мицкоски од партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ.

,,И затоа ви велам дека ќе направам се за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти од политичките партии во државата од било која провенинција само за да ДУИ оди во опозиција, а криминалците од сегашната влада одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам”, изјави Мицкоски.

Овој дел од говорот почнува од 1 час и 20 минути од видеото

https://www.youtube.com/live/Xd0byxYtXyA?feature=share