Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со членови на раководството на партијата денеска беше на традиционалниот марш до Петлец по повод 115-годишнината од смртта на Војводата Даме Груев.
-Хероите се бесмртни затоа што живеат во делата. А Македонија, која е дело на нивната борба, пред таквите идеи, жртва и стремеж се поклонува. Денес на Петлец, по 115 години од погибието на еден од основачите на ВМРО и еден од нејзините водачи, Дамјан Груев. Слава му! Неговото дело и борба треба да се вечни, исто како и нашата единствена Македонија, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.





