Мицкоски на лидерската средба на Заев му дал “Алгоритам со 4 непознати”

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на лидерската средба во вилата Водно предложил план или алгоритам во 4 чекори.



Алгоритамот на Мицкоски содржи дефинирање на рамка со која ќе се гарантира заштита на здравјето на граѓаните, и оддржување на избори кои мора да бидат фер, слободни и кредибилни.

Алгоритмот и планот на Мицкоски опфаќа повеќе точки кои се меѓусебно зависни:

– Да се даде стручно мислење од здравствените експерти дали постои амбиент и фактичка состојба за намалување на мерките за претпазливост

– Доколку се проценти дека може да се премине во втора фаза тогаш треба да се чуе мислењето на ДИК околу практичното спроведување на изборите и што тоа подразбира од аспект на технички услови.

Опозицијата бара целосна набљудувачка мисија која ќе го мониторира процесот, со оглед на сомнителните намери на власта и забележаниот предизборен поткуп изразен во делење на пакети од семејството Заеви.

Доколку и тоа се дефинира и усогласи ќе треба правните експерти да го определат начинот на кој ќе се определи датумот за одржување на изборите.

Датумот за избори според Мицкоски треба да биде во период кога корона кризата ќе биде надмината и оддржувањето на изборите кој нема да биде закана за здравјето на граѓаните.

Последниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на нормални услови за спроведување на кампања и преставување на партиските програми.

Според извори во СДСМ Мицкоски на лидерската средба не разговарал за датум за избори за што според нив била свикан состанокот туку за други теми но не го коментираат предлогот на опозицијата.