Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на состанокот со шефицата на Европската комисија ги објаснил позициите на неговата партија и причините за незадоволството од францускиот предлог и бугарските барања.
,,На средбата со Фон Дер Лајен и покажав слики од убиствата на младите во Ваташа, херојот Вера Циривири Трена и депортацијата на евреите направени од бугарскиот фашистички окупатор, да прифатиме ли сега дека се администратори?!”, објави Мицкоски потврдувајќи уште еднаш дека
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени!




