Мицкоски на Фон дер Лајен ѝ кажал што била Бугарија во Втората светска војна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.



„На средбата со Фон Дер Лајен и покажав слики од убиствата на младите во Ваташа, херојот Вера Циривири Трена и депортацијата на Евреите направени од бугарскиот фашистички окупатор, да прифатиме ли сега дека се администратори?!

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени! – напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.