Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да му помогне на заменик државниот секретар на САД Џејмс О’Брајан при набавка на нов автомобил.
Мицкоски вчера беше запрашан како ја коментира изјавата на О’Брајан во која тој индиректно бара од граѓаните да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на изборите велејќи дека од Мицкоски не би купил ни автомобил а камо ли да гласа за него и за неговата партија затоа што одбива да го смени уставот и не кажува како ќе го реши проблемот.
Во одговорот Мицкоски вели дека секоја порака која доаѓа од стратешкиот партнер САД треба да се анализира.
Без да влезе во дебата а со доза на шега Мицкоски одговори дека тој е професор на машински факултет, дека положил два испити поврзани со возила со десетка и е подготвен да му помогне на О’Брајан при избор на возило.
По интервјуто на О’Брајан кој се обиде со изјава да им помогне на СДСМ и ДУИ а да направи политичка штета за ВМРО-ДПМНЕ провладини медиуми се обидоа да прикажат дека изјавата може да ја смени перцепцијата на граѓаните за победникот на изборите.
Но всушност на социјалните мрежи изјавата на О’Брајан имаше контра ефект по што власта загуби дополнителни поени кај јавноста.
Пред се затоа што ако се оди по логиката на О’Брајан ниту еден македонски граѓанин не треба да гласа за СДСМ и ДУИ кои тврдеа дека ќе нема промена на уставот а потоа го сменија.
Оваа изјава на Мицкоски е од околу 3 минута во видеото на МИА
https://fb.watch/oKS-DlWrFo/?mibextid=UyTHkb





