Мицкоски му одговори на Ахмети кој каде бил во 2001-ва…

„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски“, реагира Христијан Мискоски на изјавата на Али Ахмети, кој синоќа во Тетово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, конфликтот во 2001 го гледал на телевизија.



Тој на Фејсбук објави негови фотографии облечен во војничка униформа за време на конфликтот во 2001-ва во кој учествувал како доброволец.

Во објавата на Фејсбук, Мицкоски вели:

„Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува.

Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.

П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски на Фејсбук