Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победа на локалните избори, а во албанскиот блок победа на Алијанса за албанците и Алтернатива со што како што вели , се се делегитимира коалиција СДСМ-ДУИ која е на власт .
Во интервју за „Ал џезира, тој оценува дека не само што СДСМ-ДУИ немаат никаков кадровски потенцијал, туку веќе немаат ни што да и понудат на Македонија и граѓаните.
„Очекувам да имаме поголем број на градоначалници и советници од коалицијата која ја предводи СДСМ, а за денот потоа има неколку сценарија, но да почекаме да дојдеме до 17-ти октомври прво“, вели Мицкоски.
Истакнува дека во тие неколку сценарија има можност и за ново владино мнозинство, како и можни парламентарни избори кои тоа мнозинство ќе ги спроведе, а убеден е дека резултатите од изборите ќе бидат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.







