Политички предизборен маневар се изјавите на Али Ахмети дека услов за коалиција со ДУИ е почитувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски.



„Политички маневрирања на Ахмети. Априори не се дефинираат условите за коалицирање. Можеби тој нема да биде политичката опција која што ќе биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што ние нема да можеме да најдеме допирна точка по други прашања“, вели Мицкоски.

Во однос на постизборната коалиција со некоја од албанските партии во Македонија, Мицкоски потенцира дека компатибилноста на програмите ќе биде пресудна за тоа со кого ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира по победата. Според него клучно е партијата со која ќе коалицира ВМРО-ДПМНЕ да се залага за  бескомпромисна битка со криминалот и корупцијата, почитување на законите и Уставот на државата се разбира, интензивна и пеколна работа за обнова на Македонија, пренесе „Република“.