Мицкоски меѓу насобраните на протестот пред Собрание

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и најблиските соработници од врвот на партијата што освои најмногу пратенички места на последните парламентарни избори се приклучија на протестот пред Собрание пред финалето на уставните промени.



„Сакам да се обратам и до граѓаните, јас како еден од вас ќе го користам демократското право мирно и достоинствено да протестирам и пркосам за сето она што се случува и ќе се случува денес, но и следните денови во Собранието, бидејќи тоа ни преостанува. Ве молам искрено, од дно на душа, да не подлегнувате на провокации, ниту на измислени информации и конструкции од полициски структури инфилтрирани. Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени, иако сакаат да ни го одземат достоинството, да останеме честити, иако државата е окупирана од нечестита власт“, изјави лидерот на опозицијата. 

Мицкоски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на денешната собраниска седница, поместена од 12 за 16 часот.