Се виде синоќа како работи министерот Спасовски, уапсиja недолжно момче и МВР се пофали на прес-конференција, наместо да апсат криминалци кои слободно се шетаат, еве и во Прилеп, а имаат возен парк од стотици илјади евра за што не се прашани откаде им се парите, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп запрашан за коментар за приведувањето на младиот Никола Николовски лице под сомнение дека стои зад пријавите за бомби во неколку скопски средни училишта, а за кого се покажа дека нема поврзаност со случајот.
„За жал, тоа е начинот на кој што функционира Министерството за внатрешни работи. Криминалци шетаат, а недолжни луѓе се затвараат и се приведуваат. Криминалци шетаат и овде во Прилеп. Точно се знае кои прилепчани се криминалците. Оливер Спасовски нека ги посети своите пријатели овде во Прилеп а кои имаат возен парк вреден неколку стотици илјади евра и нека ги праша од каде и како го заработиле. Нека ги прошета пријатели кои тука во Прилеп ги посетува и нека ги праша од каде им е стекнат тој капитал во изминативе три-четири години и, ќе ги најде криминалците. Тие треба да ги апси, а не недолжни деца”, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му изрази поддршка на Никола Николовски, рече дека „Никола може да биде секој од нас“ и нагласи оти ветува дека „брзо ќе дојде крајот на овие политички измамници и ќе следи одговорност“.





