Од синоќешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, претседателот на опозициската партуија упати предупредување до премиерот Димитар Ковачевски околу притисокот за уставни измени што оваа владејачка гарнитура го прифати под притикок на Бугарија како услов за отпочнување на преговоири на земјава со ЕУ.
Мицкоски: „Ковачевски е домазет во својата влада“
„Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има“, рече Мицкоски.
Откако ги прифати сите бугарски барања да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ, што подразбира и промена на Устав, Ковачевски реши да облече квази патриотска наметка и да му одговори на Радев дека Бугарија го следела духот на Русија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека Ковачевски треба да се договори со самиот Ковачевски дали е патриот кога и му реплицира на Радев (дека Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина н.з.) или пак кога не убедува дома дека уставните измени се толку прекрасни и неодминлив услов за чекор до рајот Европската унија.
За повиците од СДСМ до опозицијата „да се качеле се на возот кон ЕУ“, Мицкоски рече дека „цело ВМРО-ДПМНЕ веќе е на возот кон ЕУ, а возот во кој се Ковачевски и ДУИ веќе е влезен во темниот тунел кој еднонасочно удира во карпа“.
„Овој пат нема да го излажете народот. И лошо ќе завршите зошто ќе ви се случи народ. Не ми паѓа на памет да прифатам било каква уцена или притисок кој го имам, а го имаме многу и го држиме веќе година дена и ќе го држиме колку што е потребно по било која цена, ќе одиме до крај до конечна победа и нема попуштање“, посочи Мицкоски.
Според него „нема никаква, ниту теоретска шанса да прифатат уставни измени под вакви услови за Македонија“.







