Мицкоски контра “ѓутуре” попис со 3 милиони жители – следува ли бојкот?

Македонија сериозно се приближува кон нов бојкот на пописот на население откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нема да прифати пребројување на население со кое Македонкја ќе има 3 милиони жители од кои половината нема д живеат во земјава.



Во емисијата “Што не е јасно” со Искра Коровешовска на Алфа ТВ Мицкоски најави амандмани на законот за попис, посочи дека опозицијата не може да го блокира неговото донесување, затоа што е со европско знамено но беше категоричен дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев.

Со таков попис ќе излезе дека Македонија има три милиони жители, изјави во гостување на Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог, дајте луѓе да набавиме 10 000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме“,
појасни Мицкоски.

Тој најави дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.

„Ова не може да се сопре со филибастеринг, затоа што има европско знаменце. Треба да ѝ кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку ‘фингерпринт’ терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст“,
истакна Мицкоски, алудирајќи на тоа дека законот за попис е класификуван како дел од европските директиви, поради што амандманската расправа за него е ограничена.

Според првичните информации и најави од власта која без опозицијата веќе гласаше за потребата од носење закон за попис, попишувањето односно регистрацијата на граѓаните ќе може да ја прават и блиски роднини и комшии на луѓе кои можеби со години не живеат во земјава.

Со тоа опасноста од фингирање на податоците за реалниот број на луѓе кои живеат постојано во земјава се зголемува до крајни граници.

Што вели Заев за пописот

Дали Македонци се под/над 65 % или Албанци над/под 20 % нема дејство, вели Заев за пописот