„Оваа влада во заминување направи грешки, некоја друга треба да ги менаџира и корегира. Дали со тимот со кој ќе работиме ќе успееме сите грешки да ги поправиме? Можеби да, можеби не. Можеби некои грешки ќе бидат непоправливи, но ние не можеме да го поедноставуваме прашањето на црно-бело“, вели вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле, одговарајќи на прашањето во врска со Преспанскиот и за Договор со Бугарија.
Тој вели дека доколку Има 80 пратеника и бадентерово мнозинство, „ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема, како услов за членството на земјава во НАТО“ и дообјаснува.
„Имате граѓани кои што велат како вас – не треба да се оди чекор назад кон Договорот, а имаме граѓани кои велат искинете го договорот и фрлете го во ѓубре. Ниту едното, ниту другото не го решава проблемот. Секогаш вистината е помеѓу, а вистината е дека треба да имате чесен пристап. Со едноставно кинење на договорот и фрлање во корпа не се решава проблемот, затоа што проблемот ќе си остане, бидејќи овој неспособен радикал го направил“, вели Мицкоски.
За Договорот за добрососедство со Бугарија Мицковски објаснува како би одговориле на декларацијата на бугарскиот парламент. „На црвени линии со црвени линиии се одговара. Не може ние на црвена линија да одговориме со бела линија. Како? Ќе прифатиме да мумламе во химната кога ќе дојде делот за Гоце Делчев?! Ќе прифатиме дека јазикот кој што го говориме вие и јас не е македонски? Знаете ли зошто секогаш ние губиме? Кога нема национално еднинство. Кога ќе имаме национално единство и цврст став, без разлика дали е тоа ВМРО,СДСМ ДУИ, Алијанса, кога сите ние ќе излеземе со униформна декларација“ вели Мицкоски.





