ВМРО – ДПМНЕ ќе побара јавна расправа за измените на законот за ДДВ, персоналниот данок и данокот на солидарност во понеделник ,на Комисијата за еврпоски европски прашања , најави претседателот на ВМРО -ДПМНЕ , Христијан Мицкоски.
– Овие закони во парламентот дојдоа со повторна злоупотреба на европското знаме, можностите се ограничени, односно се лимитирани. А тоа значи дека дебатата би била на Комисијата за европски прашања лимитирана во рамките на три дена. Оваа злоупотреба веќе претставува и станува пракса на оваа влада, што е многу погрешно и спротивно на тоа знаме и на тие вредности кои ги злоупотебувале, рече Мицкоски
Мицкоски очекува иницијативата стопанските комори и сите кои се погодени од носењето на законите да дојдат и да го кажат својот став да биде прифатена од мнозинството
-Не сме оптимисти, но се надеваме, дека ќе наиде на согласност од страна на мнозинството и тоа што ќе биде изнесено како теза на таа јавна расправа доколку се случи, тогаш министерството за финансии и владата ќе го земат предвид и ќе биде дел од нивните политики. Во спротивно чувството на бизнисот но и нашиот став е дека компаниите кои се дисциплинирани и кои и досега ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот дополнително се оптоваруваат на сметка на оние компании кои не се дисциплинирани и се дел од сивата економија и не ги плаќаат своите обврски во буџетот, заклучи Мицкоски .






