Според лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски, сега конечно конечно опозицијата може да зборува за 61 пратеник потребни за распуштање на овој парламентарен состав и за организирање предвремени избори.



Доколку, вели Мицкоски, немаат некаков притисок во меѓувреме.

„Јас сум охрабрен од сигналите на тие луѓе кои сакаат да видат како Македонија оди напред. За жал во своите редови тоа не го гледаат. Јас ве молам да ме разберете не можам да зборам за повеќе детали, имајќи го предвид фактот дека имаме комплетно „дуизирано“ судство и обвинителство кои заедно со органите на прогон ќе вршат притисок врз тие луѓе“, рече Мицкоски.

Тој рече дека време е ДУИ после 20 години да замине во опозиција.

„Добро би било и здраво да поминат мандат од четири години во опозиција. За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори, а граѓаните ќе одлучат каква е идната влада. Да ги поддржиме тие луѓе кои дадоа вакви сигнали заедно да изгласаме недоверба на оваа Влада и да одиме на предвремени избори“, порача Мицкоски.