Мицкоски: Ја злоупотребуваат ЕУ за да крадат – фатени се живи

Имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра

Мицкоски: Ја злоупотребуваат ЕУ за да крадат, фатени се живи како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра

Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа што се во паника. Уплашени се, колку и премиерот да ни држи лекции за неговото разбирање на сленгот за зборот храброст, кој го кажува на вулгарен и недостоинствен начин, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Тоа што се лупа во гради не го прави храбар и сето ова доаѓа од човек:

• кој бега од служење воен рок,

• кој бега од избори и соочување со народот,

• кој се плаши да ја поднесе потпишана сопствена оставка,

• кој бега од соочување на јавна дебата,

Тој не е храбар, тој може само да биде кукавица, пишува Мицкоски во својата објава.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fvideos%2F1312749729323359%2F&show_text=false&width=560&t=0