„Еве имаме и трета ексклузивна понуда, направете електронски попис. Еве имате, велите, бази на податоци, вкрстете ги, направете електронски попис. Чуму ви се потребни пари да трошите по луѓе, попишувачи кои што ќе дојдат дома, па потоа да имате двоен потпис иако според законот за статистика“, ѝ порача на власта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од опозициската партија се сомневаат дека во статистичката операција ќе има многу политика и „фингирање“ и го повикуваа шефот на државата, да не го потпише Законот за попис кој предвидува мега-операцијата да се изведува во време на пандемија кога од тоа се откажаа ред држави.





