Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им поставува 10 прашања на кои Зоран Заев и Филипче според него немаат одговори.
Мицкоски вели: Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:
➡️ Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
➡️ Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
➡️ Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
➡️ Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
➡️ Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
➡️ Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
➡️ Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
➡️ Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
➡️ Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
➡️ Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?
Во својот пост на кој одговори очекува Мицкоски тој порачува дека фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината.
10 прашања на кои Зоран Заев и Филипче немаат одговори
Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве: pic.twitter.com/aBcFz5PuXr— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) September 14, 2021





