Мицкоски: Или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема

Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашното интервју на премиерот Заев за БГНЕС.



“Се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема.
Затоа протест сега, за да не биде предоцна!”, напиша Мицкоски кој вчера повика на протест кој ќе се одржи вечерва во 18 часот а ќе тргне од пред салата Борис Трајковски во Скопје.