Мицкоски и Заев со осуда за тероризмот во Виена, Пендаровски „спие“

Претседателот Стево Пендаровски е еден од ретките европски шефови на држава кој не реагираше во првите часови по терористичкиот напад во Виена.



Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се обрати на Фејсбук:

“Најостро го осудувам терористичкиот напад во Виена во кој има и жртви и повредени.

Моите молитви се со семејствата чии членови настрадаа во грозоморниот чин. Со оглед на тоа што и македонски државјани работат и престојуваат во Виена апелирам до македонската влада и МНР да понуди помош и контакти во случај на неопходност за поддршка и комуникација со земјава.

Поддршка на Австрија во овие тешки мигови и поддршка во справувањето со оваа заедничка глобална закана”, порача Мицкоски.

Премиерот Заев реагираше на Твитер на англиски јазик при што го осуди нападот и изрази жалење за инцидентот.

Претседателот Пендаровски остана без реакција на Твитер и Фејсбук.

Во првите 5 часа по нападот кој се случил околу 20 часот не реагираше ниту еден од лидерите не политичките партии на Албанците.