Мицкоски: И што добро за земјава донесе виткањето кичма?

Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Според него сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја.

„Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми и прашања. Проблемот е во сигналите дека во Македонија има влада и премиер кој е меко ткиво за вакви негаторски теми и аспирации. Но, вистината е дека од 1990-та до денес немало вакви експлицитни јавни директни негаторски, уценувачки и навредливи ставови кон Македонија“, вели во својот статус Мицкоски.

„Воедно би запрашал што добро донесе за земјава виткањето на кичма за ваквите теми и прашања. Виде ли некој бенефит од тоа, освен ако не го земеме во предвид бројчаникот на најбогатото политичко семејство на Балканот“, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1406808629494592