Мицкоски и Николовски се во штабот на Орбан во Будимпешта (ФОТО)

Во Унгарија каде денеска се одржуваат парламентарни избори се наоѓаат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски.



,,На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Orbán Viktor, денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Fidesz. Очекуваме нова, четврта по ред победа за Fidesz и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан!”, објавија Мицкоски и Николовски на Фејсбук.

Според излезните анкети Орбан вечерва ќе прогласи уште една убедлива победа за нов мандат од 4 години на премиерската позиција.